9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Куња го шокираше Арсенал, ѓаволска победа на спектакуларното дерби (Видео)

Манчестер јунајтед по победата над Сити во минатото коло, денеска го шокираше и Арсенал и тоа во Лондон со 3-2.

Црвените ѓаволи после 21 години успеаја да победат на гости кај Арсенал во меч на кој губеле со 0-1.

Топчиите водеа 1-0, па Јунајтед сврте на 2-1, Арсенал изедначи во 84-та минута, а шокот за домашните дојде во 87-ма со спектакуларен шут на Матеус Куња во 87-ма минута.

Арсенал трето коло по ред не знае за победа, но остана прв на табелата во Премиер лигата, сега со четири бодови предност во однос на Манчестер сити и Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести