Кунде искрен по поразот: „Ова беше разочарувачки настап за нас“

Дефанзивецот на Барселона, Жул Кунде, е разочаран од настапот на неговата екипа против Борусија Дортмунд и поразот од 3-1 и како што вели, на овој меч им недостасувало се она што го одиграле на првиот натпревар кога победија со 4-0.

„Среќни сме дека се пласиравме во полуфиналето, но јас сум разочаран од нашиот настап. Ни недостигаше се што покажавме на првиот натпревар, едноставно не бевме на вистинското ниво. Направивме многу грешки, немавме концентрација. На полувремето Флик ни кажа дека треба да ги подобриме нашите перформанси и се чини дека во вториот дел бевме подобри. Треба да гледаме напред и да продолжиме да го правиме она што најдобро го знаеме. Возбудени сме дека ќе играме во полуфиналето. Сонуваме да ја освоиме Лигата на шампионите, но имаме уште доста работа“, вели десниот бек на Барселона, Жул Кунде.

- Оглас -

Најнови вести