Кунде може да чести, казнет е само еден меч за инцидентот со Алба (Видео)

Дефанзивецот на Севилја, Жил Кунде, е казнет само со еден меч неиграње по инцидентот во кој на мечот со Барселона со топка намерно го погоди Жорди Алба во глава.

За Кунде тоа беше втор жолт картон и автоматско исклучување, што испадна дека е подобра варијанта отколку претходно да немаше жолт картон, па да добиеше директен црвен.

Кунде, кој е стандарден првотимец на Севилја, нема да игра на мечот со Кадис во Ла Лига закажан за трети јануари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести