32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Кунде останува на „Камп Ноу“ до 2030 година

Дефанзивецот на Барселона, Жул Кунде, го продолжи договорот со клубот до летото 2030 година. Претходниот договор на францускиот репрезентативец истекуваше во 2027 година, а преговорите поминаа без поголеми проблеми, па двете страни брзо се договорија.

Кунде, роден во Париз, е производ на младинската школа на Бордо и дебитираше за Жирондинците во 2017 година. Во 2019 година се пресели во Севиља, каде што во 2020 година го освои трофејот во Лига Европа на „Рамон Санчес Пижуан“.

Во Барселона е од 2022 година, кога клубот за него плати 50 милиони евра. Французинот брзо се наметна како клучен играч и веќе освои две титули во Шпанија, една куп-титула и два Суперкупа.

- Оглас -

Најнови вести