Кунде после повредата: „Разочаран сум, но верувам во оваа екипа“

Жул Кунде беше најчестиот избор и на тренерот на Барселона, Ханси Флик, но и на селекторот на Франција. Дефназивецот врза 104 натпревари по ред на кои настапи, а сезонава во дресот на „каталонците“ одигра неверојатни 53 натпревари во сите конкуренции и на теренот мина повеќе минути од било кој друг фудбалер.

Сепак, повредата против Интер значи и дека нема да биде дел од составот кој утре ќе гостува кај Ваљадолид, а нема да игра ниту на реваншот во Милано, како и на Ел Класико против Реал Мадрид за десеттина дена.

„Разочаран сум што се повредив во овој дел од сезоната, кога сме во игра за трофеите, но некогаш некои работи не можеш да ги контролираш. Верувам дека оваа екипа ќе ја направи вистинската работа, без оглед кој ќе биде на теренот. Ви благодарам на поддршката, многу ми значи во овие моменти.“ – напиша Кунде на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести