Куп бомбата е Шкупи – Шкендија, посакуваниот Вардар оди кај Силекс

Шкупи – Шкендија ќе биде дербито на четвртфиналето во Купот на Македонија, откако ждрепката беше немилосрдна кон двата последни освојувачи на шампионската титула во македонската прва лига.

На 9-ти ноември, битката за место во полуфиналето ќе се води на „Чаир“.

Струга Трим Лум, кој е лидер на прволигашката табела, за куп ривал ја доби Брегалница, а бранителот на трофејот Македонија ЃП ќе се соочи со Академија Пандев.

Во Кратово ќе играат некогашните победници на Купот, Силекс против Вардар. Вардарци се единствен второлигаш кој остана во купот.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Силекс – Вардар

Македонија ЃП – Академија Пандев

Шкупи – Шкендија

Струга Трим Лум – Брегалница

Мечевите ќе се играат на 9 ноември од 13 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести