21.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Куп-мечеви во Англија, Германија и Франција, Миовски во Шкотска го чека голем предизвик

1029 Кембриџ јунајтед – Болтон (20:45 ч.)

Домашниот тим на табелата заостанува дури 23 бода зад Болтон и иако игра пред своите фанови, тешко е да се очекува да победи. Болтон, кој некогаш играше и во Премиер лигата, е со добри шанси да го брка и првото место во Лига 1, кое води кон директно место во Чемпионшип за следната сезона.

Болтон е тим со најдобрата одбрана и еден од најдобрите напади, па реално е да се очекува гостите да покажат зошто се толку подобри од Кембриџ на табелата.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

1102 Ковентри – Шефилд вензди (20:45 ч.)

Две екипи од Чемпионшип кои сега излегуваат на мегдан во 16-финалето од ФА купот. Ковентри е во многу подобра форма и сега на свој терен треба да избори пласман во следната фаза.

Шефилд вензди е во опасност да испадне од Чемпионшип и сигурно главен фокус на овој тим ќе биде првенството, а не ФА купот.

Предлог тип: 1-1 (2.40)

 

1731 Сошо – Рен (20:45 ч.)

Сошо е во третата лига и дуелот против Рен во осминафиналето на Купот е вистински предизвик за него, посебно затоа што е во одлична форма и има 10 победи, пет ремија и само еден пораз во последните 16 средби.

Сепак, Рен ќе биде преголем залак за Сошо затоа што гостите влегоа во низа од шест победи и сигурно веќе планираат да обезбедат место во четвртфиналето. Двете екипи сакаат да играат офанзивно и можно е да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

2852 Баер Леверкузен – Штутгарт (20:45 ч.)

Ова е дерби на денот не само во Германија, туку во цела Европа. Баер Леверкузен, кој е единствен тим без пораз во Топ 5 лигите во Европа, е домаќин на Штутгарт, кој е трет во Бундеслигата. Ова е меч од четвртфиналето на Купот и сигурно гостите нема лесно да се предадат.

На седум од последните осум дуели на овие два тима било гол-гол, па и сега не би требало да изостанат погодоците.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

1242 Ренџерс – Абердин (21 ч.)

Ренџерс со победа ќе се израмни со Селтик на врвот на табелата во првенството во Шкотска. Абердин, предводен од Бојан Миовски, во саботата одигра 1:1 против Селтик, но тешко дека сега ќе го изненади и Ренџерс.

Интересна е традицијата која вели дека во последните шест дуели на овие два тима билансот е по две победи за двата тима и две нерешени средби.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.11)

 

- Оглас -

Најнови вести