Куп на Македонија: Пелистер и Вардар ќе бараат спас во сезоната за заборав

Екипите на Пелистер и Вардар ќе ги одмерат силите во четвртфиналето во Купот на Македонија.

На денешниот ждреб во Фудбалската федерација, вечните ривали беа извлечени еден против друг, а во сезоната која и двете екипи посакуваат да ја заборават, ќе се обидат барем преку Купот да изборат излез во Европа.

Пелистер е закован на дното на Првата лига само со четири освоени бодови, а како што е добро познато, Црвено-црните настапуваат во втората лига и се надеваат на експресно враќање во елитата, но, барем засега, тоа е малку веројатно.

Актуелниот првак Шкендија, пак, ќе ја пречека Струга Трим Лум, а сите натпревари ќе се играат на 24 ноември, со термин од 13:00 часот.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ 24 ноември, 13:00 часот

Пелистер – Вардар

Силекс – Брегалница

Шкендија – Струга ТЛ

Македонија ЃП – Шкупи

- Оглас -

Најнови вести