Куп на Македонија: Шкендија „пукна“ петарда во мрежата на Ренова, Вардар го доби пенал-рулетот против Скопје

Екипата на Шкендија со убедливи 5:0 ја победи Ренова во рамките на осмина финалето од Купот на Македонија.

Актуелниот првак во нашиот фудбал демонстрираше сила и без проблем си обезбеди пласман во наредната рунда.

Победата беше обезбедена уште во првиот дел, и тоа со головите на Зија Мерџани во четвртата минута, Рубин Хебај во 41-вата минута, како и двата погодоци на Адим Шала во 20-тата и 45+1 минута.

Печат на победата стави Хебај со својот втор погодок на самиот старт на второто полувреме.

Брегалница исто така беше убедлива против Охрид (4:0), иако во поголемиот дел од средбата играше со играч помалку откако Цветановски беше испратен на „ладење“ околу средината на првото полувреме.

Шкупи, пак, со голот на Матеј Цветановски минимално го совлада Тиквеш.

Во Маџари, Вардар славеше по подобро изведување на пенали против Скопје, откако резултатот по 90 минути беше 0:0.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ОСМИНАФИНАЛЕ

Шкендија – Ренова 5:0

Шкупи – Тиквеш 1:0

Брегалница – Охрид 4:0

Вардар – Скопје 0:0 * (4:2 Вардар победи на пенали)

Академија Пандев – Македонија ЃП 1:1 * (3:5 Македонија ЃП победи на пенали)

Пелистер – Работнички 0:0 * (5:4 Пелистер победи на пенали)

Струга – Борец 1:1 * (5:4 Струга победи на пенали)

 

- Оглас -

Најнови вести