Куп-натпревари и Евролига на менито за обложување

Реал Мадрид – Реал Сосиедад (19ч, четвртфинале во Куп на Кралот)

Вечерва ќе се добијат третиот и четвртиот полуфиналист во шпанскиот Куп, а таму веќе чекаат Гранада и Мирандес. Реал е во топ-форма во пресрет на дуелот против Сосиедад, кој ќе се игра на „ Сантијаго Бернабеу“. Кралевите се во низа од седум последователни победи, целта е да се нареди и осмиот триумф иако Зидан за овој меч нема да смета на неколку клучни играчи. Најавено беше враќање на Еден Азар на терените, меѓутоа белгиската ѕвезда нема да се појави, а отсуствуваат уште Бејл, Карвахал, Васкес, како и незаменливиот Каземиро.

Сосиедад изминатиот викенд загуби кај Леганес, што значи дека расположението не е на високо ниво во соблекувалната. Оваа сезона веќе гостуваа во Мадрид и загубија со 3-1. На почетокот од минатата година Баскијците изненадија на „Бернабеу“со победата од 2-0, таа им е единствена во последните 15 години.

Јасно е дека Кралевите атакуваат на сите можни трофеи оваа сезона, па затоа ќе обезбедат пласман меѓу четирите најдобри екипи во Купот.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.87)

 

Атлетик Билбао – Барселона (21ч, четвртфинале во Куп на Кралот)

Последното гостување на „Сан Мамеш“ беше кобно за Каталонците. Адуриц во последните секунди од средбата постигна еврогол, со кој ја донесе победата за Билбао, меч кој се одигра во првото коло од Ла Лига. Токму за тоа Меси и дружината вечерва целат на одмазда, а бидејќи се работи за нокаут-меч во Купот, избраниците на Кике Сетјен со сите сили ќе атакуваат на пласман во следната фаза.

Речиси две години Барса нема победено во Билбао, факт кој докажува дека Баскијците се незгодни противници пред свои навивачи. Иако во последните два меѓусебни дуели се виде само еден гол, Атлетик и Барса често знаат да приредат интересни средби, па нека биде така и вечерва.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.91)

 

Кортијк – Антверп (20:45ч, полуфинале Куп на Белгија)

Бранителот на трофејот Клуб Бриж вечерва ќе го добие противникот во финалето од Купот на Белгија. Првата средба меѓу Антверп и Кортијк заврши со 1-1, така што остануваат уште 90 минути, или 120 ако се играат продолженија во кои ќе се одредува вториот финалист.

Антверп како двократен освојувач на Купот има повеќе искуство, меѓутоа нивното последно појавување во финалето беше во 1992 година, кога и го освоија за последен пат. Кортијк, пак, само еднаш се бореше за пехарот, во 2012 година загуби со минимални 0-1 од Локерен.

Ако се гледаат меѓусебните дуели во сите натпреварувања, Антверп е без триумф на стадионот „Гулденспорен“ од 2007 година, но сепак има поголеми шанси за победа. Кортијк не е во добра форма и има само еден триумф во последните пет меча.

Предлог тип: X2 & 0-1 пол. (2.07)

 

Алба Берлин – Реал Мадрид (20ч, 24-то коло Евролига)

Алба делуваше моќно во Милано пред два дена совладувајќи ја Олимпија со 102:96, па сега во добро расположение Германците целат да го покорат и Кралот. Меѓутоа, ако се знае дека против Реал имаат само две победи во вкупно 14 средби, а тие се остварени во 1999 година, шансите за добар резултат им се многу мали. Оттогаш се сменети генерации, а мадриѓани се во серија од 10 победи против Алба.

Тесните победи против Макаби и Басконија покажаа дека играчите на Пабло Ласо уште не се во претпознатливата форма, но ако вечерва слават, ќе се вратат на втората позиција на табелата.

Предлог тип: 2 & >168,5 поени (2.55)

 

Олимпијакос – ЦСКА Москва (20ч, 24-то коло во Евролига)

Актуелниот европски првак гостува во Пиреја, каде што ќе ги одмери силите со поранешниот континентален владетел. Двете екипи имаат една иста цел, со триумф да закрепнат од разочарувањата од претходното коло. Олимпијакос претрпе дебакл од Жалгирис, додека ЦСКА потклекна пред Анадолу и за првпат по 21 година загуби од Пиварите на домашен терен.

Грците имаат разочарувачка сезона, загубија голем број натпревари и со секој нареден меч шансите за пласман во разигрувањата им се намалуваат. Иако првата овосезонска пресметка ја доби Олимпијакос, Армејците имаат биланс 4-1 против денешниот противник.

Предлог тип: >160,5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести