19.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Куп: Шкендија Арачиново го елиминира Пелистер, Работнички победи на пенали

Шкендија Арачиново го елиминира Пелистер во осминафиналето на Купот откако славеше со 1-0. Стрелец на голот беше Арсим Љамалари на почетокот на второто полувреме, во 51-та минута.

Работнички мораше да игра на пенали, но победи против Брегалница со 4-3, откако регуларниот тек од мечот заврши 1-1. Херој беше голманот Васко Василев кој одбрани два пенали. Претходно, Асани од пенал донесе водство за Работнички во 13-тата минута, а израмни Еди Мандак во 51-та минута.

Струга Трим Лум беше убедлива и славеше со 0-5 на гости против Македонија ЃП. Имаше пет различни стрелци, Ивковиќ, Воша, Компаоре, Малески и Јевтоски.

Во четвртфиналето се пласира и Силекс откако триумфираше со 1-2 на гости против Башкими. Дарко Додев и Милош Николиќ беа стрелци за Силекс, а Марко Симоновски погоди за Башкими.

Утре играат Вардар и Новаци во осминафиналната рунда од Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести