Натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија помеѓу Работнички и Шкупи, кој требаше да се игра денеска, но беше одложен поради лоши временски услови и премногу вода на теренот на стадионот СЦ „Борис Трајковски“, ќе се одигра утре, со почеток во 13 часот, на комплексот на ФФМ, без присуство на публика.
Лошите временски услови доведоа до одлука натпреварот да биде одложен за 24 часа и ќе се одигра на теренот на ФФМ, информираа од Работнички.