Куп-завршниците нудат многу неизвесност, но и можност за добивка

Валенсија – Бетис (21 ч)

Домаќинот не смее да си дозволи пораз ако сака да обезбеди место во финалето на Купот на Шпанија. На првиот меч, Валенсија на гости одигра 2-2 и тоа е добра залиха пред денешниот меч на „Месталја“. Во последните пет меѓусебни средби, Бетис нема ниту една победа (два триумфи на Валенсија и три ремија), но гостите сигурно нема да се предадат предвреме.

Влогот на овој меч е многу поголем од еден првенствен меч и се очекува да биде интересно, но и без многу калкулации, па треба да има и погодоци, а на крајот сепак Валенсија да биде противникот на Барселона во финалето на Купот.

Предлог тип: 1&2-4 (2.75)

 

Вилем Втори – АЗ Алкмар (20:45 ч.) 

Победникот од овој меч ќе игра во финалето на Купот на Холандија против Ајакс. АЗ Алкмар е фаворит, има подобар тим, во првенството е подобропласиран, но Вилем Втори покажа сезонава дека го има лекот за овој ривал и на двапати го победи. Првиот пат славеше во декември, и тоа на гости со 2-0, а само пред четири дена, Вилем Втори со 2-1 победи на свој терен.

Сега повторно Вилем Втори е домаќин, но влогот е поголем. Двете екипи се познати по тоа дека многу повеќе размислуваат на нападот отколку на одбраната, па сигурно ќе има погодоци.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.05)

 

Вендсисел – Брондби (19 ч.)

Домаќинот има проблеми во првенството и до крајот на сезоната ќе треба да се избори за опстанок во елитата. Брондби е клуб со многу поголема традиција и искуство во вакви мечеви, но тоа не мора многу да значи бидејќи и моментната инспирација може да биде решавачка.

Пред три дена, Вендсисел го изненади шампионот Копенхаген и одигра 1-1 на гости во првенството, така што сè може да се случи на овој меч. Сезонава во двата меча кои ги одиграа имаше погодоци во првото и во второто полувреме (дуелите завршија 2-3 и 2-1), па и сега е најдобро да се прогнозира на голови.

Предлог тип: 1-3 I&1-3II (1.85)

 

Тун – Лугано (19:30 ч.)

Тун е фаворит, а и фактот дека игра на свој терен значи дека е со многу поголеми шанси за влез во полуфиналето. Во последните 10 меча, односно во последните три месеци, Тун има само еден пораз, и тоа од Јанг бојс.

Сепак, кога се работи за мечевите против Лугано, традицијата е на страната на гостите. Во последните осум меѓусебни дуели, Лугано има четири победи, три средби се нерешени, а еднаш се радувал Тун. Од последните 16 меѓусебни средби, дури 15 се гол-гол, а на 11 имало ГГ3+

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

Касимпаша – Акхисарспор (18 ч.)

Домаќинот има шест порази во низа, но и да победи, дали тоа ќе биде доволно да се избори за пласман во полуфиналето на Турскиот куп? Ништо подобар во формата не е ни гостинскиот тим, па затоа се очекува неизвесен меч. Во првата средба од Купот, Акхисарспор победи со 3-1, а интересно е што во првенството Касимпаша беше убедлив со 5-0.

Предлог тип: 1&3+ (3.25)

 

- Оглас -

Најнови вести