Купија фудбалер осуден за силување и ги изнервираа навивачите: Не сме Завод за рехабилитација

Навивачите на Бари излегоа на протест по информацијата дека нивниот омилен клуб се засили со Маноло Портанова, фудбалер кој е осуден на 6 години затвор за силување.

Портанова во првото судење ја доби казната, но се жалеше и сега постапката е во тек, а тој не е суспендиран и сè уште може да игра фудбал додека пресудата не биде правосилна или се одбие.

Но, за навивачите на Бари не е важно дали ќе му биде потврдена казната или не.

Тие се сигурни дека не сакаат во клубот со долга и светла традиција да играат фудбалери со сомнително однесување и во случајот на Портанова со можно силување.

„Не сме Завод за рехабилитација на осудени за силување. Портанова не може да игра за Бари, а бараме оставки и од раководството на нашиот омилен клуб за овој срамен потег“, објавија навивачите.

Портанова е играч на Џенова, но кај најстариот клуб на Италија е суспендиран и не може да игра, па се обиде да си ја продолжи кариерата со трансфер во Бари.

 

- Оглас -

Најнови вести