Купот на Белгија има нов освојувач: Чекаа 110 години за да го освојат трофејот!

Екипата на Унион Сен Жил е освојувач на Купот на Белгија откако во финалето го совлада Антверпен со 1-0 со погодокот на јапонскиот интернационалец Коки Мачида. За нив ова е трет трофеј од Купот на Белгија, но прв пос неверојатни 110 години, бидејќи првите два трофеи ги освоија во 1913 и 1914 година.

Клубот од бриселската населба Сен Жил на почетокот на 20-тиот век важела за една од најдобрите во тој дел од Европа, со голем број трофеи од меѓународни турнири кои се одржувале во тој период, а дури 11-пати го освојувале и првенството на Белгија во периодот од 1904 до 1935 година. Клубот кој е формиран во 1897 година, пред неколку сезони се врати во врвот на белгискиот фудбал и почна полека но сигурно да ја враќа старата слава.

Во 2022 првпат играа и во Лигата на шампионите откако го освоија второто место во првенството, но беа елиминирани во квалификациите од Глазгов ренџерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести