Анкарагучу направи уникатен подвиг во фудбалот и ангажираше дури 15 играчи денеска, во последниот ден од зимскиот трансфер период.
Претпоследниот тим на табелата во турското првенство имаше забрана за трансфери, поради амдинистративни проблеми, а откако добија вест дека забраната веќе не важи донесоа цел тим сосе резерви.
И за да биде овековечевен моментот што ретко се случува во фудбалот си направија и заедничка фотографија.