Три од четирите екипи што денеска играа во ракометната Лига на шампиони постигнаа по 31 погодок, а победи само тимот што даде 32 гола.
Мотор денеска успеа за еден гол да ја мине магичната граница од 31 гол и да го победи Целје на гости во меч од групата Б.
Вториот натпревар беше големото дерби меѓу Кил и Веспрем, а дуелот заврши нерешено 31:31. За унгарскиот тим Дејан Манасков постигна три гола и помогна Веспрем да се спаси од пораз, откако во финишот имаше негатива од три гола, 30:27 за Кил.
Вечерва Вардар требаше да игра против Пари Сен Жермен на гостински терен во Париз, но мечот беше одложен поради корона-вирус во редовите на двојниот европски првак.