Куртоа е како „ѕид“, речиси невозможно е да му се даде гол (ВИДЕО)

Тибо Куртоа го спаси Реал Мадрид од пораз во дерби мечот од шпанската Ла Лига против Вилјареал кој заврши со 0:0.

Белгискиот голман со неколку интервенции не дозволи топката да заврши во неговата мрежа, а доказ за неговата одлична форма е и податокот дека од последните 27 упатени удари кон неговиот гол, тој не успеал да одбрани само четири, со што го прави најдобар голман во оваа статистика.

Гостите својата најсериозна шанса ја имаа преку Амаут Данјума во 55. минута, додека кај домаќините најблиску до реализација беше кој друг ако не Карим Бензема, сепак и гостинскиот голман реагираше и спречи водство на Кралевите.

https://twitter.com/LaLigaFRA/status/1441859614211989514

- Оглас -

Најнови вести