Куртоа го спореди Меси со играчите на Селта и Леванте, од Барселона го потсетија голманот колку пател поради Аргентинецот (Видео)

Барселона како лидер гостува кај Реал Мадрид, во меч на двата најтрофејни клуба во Шпанија. Каталонскиот гигант има два бода повеќе на табелата, што значи дека Кралевите со евентуален триумф, повторно ќе се вратат на лидерската позиција.

Еден од главните дуели на теренот сигурно ќе биде оној меѓу Лионел Меси и голманот на домаќините Тибо Куртоа. Чуварот на мрежата на Реал не пропушти шанса да го испровоцира Меси, велејќи дека Аргентинецот е само еден обичен играч.

„Меси? За мене тој е како и секој друг фудбалер. Го анализираме исто како што тоа го правиме и со играчите на Селта Виго и Леванте. Нема разлика. Можеби беше малку поинаку во мојата прва сезона во Атлетико Мадрид, посебно кога прв пат играв на Камп Ноу против сите тие ѕвезди. Сега воопшто не размислувам за тоа“, рече Куртоа.

Дека сепак има разлика меѓу Меси и сите останати играчи, а посебно тоа треба да го знае Куртоа, се погрижија од Барселона. Каталонците подготвија клип на кој се погодоците кои Меси ги има постигнато против Куртоа и како белгискиот репрезентативен чувар едноставно е напатен од Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести