Куртоа не калкулира и пак ги нападна УЕФА и ФИФА: Сакаат да не направат робови, нив ги интересираат само парите

Голманот на Брлгија и на Реал Мадрид, Тибо Куртоа повторно ги нападна ФИФА и УЕФА и вели дека нив ги интересираат парите и како тргнала работата фудбалерите ќе бидат робови на нивниот интерес.

Куртоа особено ја нападна УЕФА, која со сите сили спречува формирање на Суперлига, а всушност постапува исто и е заинтересирана самоз а пари, не из а фудбалерите.

„Смешно е УЕФА да напаѓа проект како Суперлигата со изговор дека се работи само за пари. Па и нив ги интересираат само парите. И во ФИФА е исто. Сега сакаат почесто да се играат Светски првенства. Па ние фудбалерите што сме? Робови на интересите на луѓето од овие две организации. Кога ќе одмориме? Видете и мечот за трето место во Лигата на Нации се игра без потреба, нема натпреварувачко значење, но и одговара на УЕФА за да земе уште повеќе пари“, остар е Куртоа.

Тој и пред мечот за третото место во Торино особено ја криткуваше УЕФА, а сега повторно „нападна“ со силен аргимент дека има премноуг натпревари во сезона.

„Видете што направија. За да дојдат до повеќе пари формираа и ново натпреварување Конференциска лига. Не мислат воопшто за играчите, туку мислат само за својот џеб“ додаде еден од најдобрите голмани на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести