Голманот Тибо Куртоа е најзаслужен што по две третини од мечот ПСЖ – Реал Мадрид, уште нема голови на „Паркот на принцовите“.
Парижаните силно притискаат, а Куртоа имаше две феноменални интервенции, од кои едната против Килијан Мбапе, другата од пенал, кој не го реаизира Лионел Меси. Куртоа го прочита Меси, па Аргентинецот, кој има 26 гола во кариерата против Реал и чека на 27-миот од 2018 година, ќе почека друга прилика.
Проблем за Реал е што жолти картони добија Касемиро и Ферлан Менди, па и двајцата нема да може да се појават на реваншот.