Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа Манчестер сити со 3-0 по хет-трикот на Федерико Валверде, а јунак на натпреварот покрај него беше Тибо Куртоа.
Со неколку фантастични интервенции, од кои посебно се истакнува онаа во 75-тата минута, кога со нога го одбрани ударот од близина на Нико О’Рајли, Куртоа успеа да запише и асистенција за првиот гол на Реал.
Courtois’s two assists this season are both contenders for the UEFA Champions League Assist of the Season. 😭pic.twitter.com/iS4zQpM9yE
— 10 (@Kylian) March 11, 2026
Белгиецот на чудесен начин го пронајде Валверде од својот шеснаесетник, а Уругваецот рутински го совлада Џанлуиџи Донарума.
Она што е особено интересно е што ова беше втора асистенција на Куртоа оваа сезона во Лигата на шампионите.
Куртоа претходно во лигашкиот дел, во натпреварот против Каират, од својот шеснаесетник му асистираше на Килијан Мбапе за вториот гол на Реал во победата од 0-5 на гостински терен.
Двете асистенции се навистина феноменални и заслужуваат да конкурираат за најдобрите потези оваа сезона во елитното европско клупско натпреварување.

