Куртуа во Реал е најисплатливиот трансфер летово

Во студија која ја направи интернационалната фудбалска опсерваторија ЦИЕЗ, најдобар бизнис летово направи Реал Мадрид со купувањето на голманот Тибо Куртуа. Проценката на ЦИЕЗ е дека Куртуа вредел 23 милиони евра повеќе од тоа што Реал му платил на Челзи како обештетување.

Од друга страна, Челзи како замена за Куртуа го донесе Кепа Аризабалага и за него плати 45 милиони повеќе од реалната цена која е алгоритамски пресметната за овој шпански чувар на мрежата. Ова се смета за финансиски најлош трансфер.

Добро и евтино поминале и Атлетико Мадрид со купувањето на Родри Ернандес од Вилјареал за 25 милиони, што е за 21,9 милиони поевтино од вредноста на фудбалерот. Третото место го држи Рома за Брајан Кристанте, кој е купен за 19,4 милиони поевтино, а во Топ 5 најисплатливи трансфери влегуваат и тие на Фабињо од Монако во Ливерпул и на Клеман Ленгле од Севилја во Барселона. Кристијано Роналдо е осми. Проценката е дека Португалецот вредел 116,5 милиони, а Јувентус го купи „само“ за 105, или 11,5 милиони помалку од вредноста.

Повеќе пари од потребното, покрај Челзи за Кепа, потрошиле Манчестер сити за Ријад Марез, ПСЖ за Тило Керер, Евертон за Јери Мина, Наполи за Алекс Мерет, итн.

- Оглас -

Најнови вести