Езџан Алиоски веќе нема сериозна конкуренција во трката на Галатасарај да се засили со лев бек во летниот трансфер период, објавија турските медиуми.
Лејвин Курзава од Пари Сен Жермен беше сериозен конкурент на македонскиот репрезентативец, но тој се откажа и не сака да игра за 23-кратниот турски првак.
Сега ситуацијата е речиси чиста, преговорите меѓу Галатасарај и Алиоски продолжуваат и треба да се договорат само условите за соработка.
Лидс веќе објави пред некој ден дека се раздели со македонскиот репрезентативец, кој речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант.
Галатасарај сака да се засили и на десната бековска позиција, а главен пик им е данскиот репрезентативец Стригер-Ларсен, па ако планот комплетно им успее ќе имаат двајца одлични дефанзивци кои знаат да играат и офанзивно.