Куса беше пенал серијата – Адеми и Ристовски веќе го освоија првиот пехар во новата сезона

Аријан Адеми како капитен на Динамо Загреб веќе го освои првиот пехар во новата сезона, откако во Суперкупот на Хрватска вечерва со неговиот тим го победија Хајдук на пенали.

Во регуларниот дел од мечот на „Максимир“ немаше ниту голови, ниту победник, па се шутираа пенали за пехарот.

Играчите на хрватскиот првак ги погодија сите четири удари од белата точка, а победникот во хрватскиот куп утна двапати од три обиди и пехарот замина во рацете на Адеми.

Аријан играше до 78. минута, а за Динамо не настапи Стефан Ристовски, кој беше резерва на мечот од Суперкупот.

Кај поразениот тим во составот го немаше Јани Атанасов, а популарните „Били“ од Сплит не успеаја да го надмудрат вечниот ривал и останаа без пехар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести