Астон вила и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2:2, во меч на кој гостите може да жалат што не ги освоија трите бода. Манчестер јунајтед водеше со 2:0, благодарение на двата погодоци на Бруно Фернандеш во 6 и 67 минута.
Веднаш по вториот гол на Манчестер, во игра кај Астон вила беше внесен Филип Кутињо. Бразилецот пред неколку дена дојде во тимот од Бирмингем и за него ова беше деби во новиот тим.
Неполни 10 минути по влегувањето, Кутињо учествуваше во акцијата по која Рамзи погоди за 1:2, а веќе во 82 минута Бразилецот го постигна и дебитантскиот гол во дресот на Астон вила за 2:2.
Кутињо во Астон вила дојде како позајмен играч од Барселона, каде немаше шанса да игра, а сега за 14 минути успеа од 0:2 да биде главен херој за неговиот тим да дојде до бод.