Првите проблеми на 15-тина дена пред стартот на Европското ракометно првенство испливаа на површина во македонскиот табор, а вистинско предупредување треба да претставува денешниот меч со Кувајт, што го одбивме едвај со 22:21.
На 10 минути до крајот на мечот бевме пред пораз и губевме со 16:19, но сепак успеавме да победиме.
Ова беше вториот контролен меч против Кувајт, а првиот го добивме лесно и убедливо со 31:21.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа лош меч и најава за сензација беше резултатот по првото полувреме. Македонија губеше по 30 минути игра со 11:12, а постојано бевме во негатива и во вториот дел, најмногу со три гола разлика, 14:17.
Во 50-тата минута се приближивме само на еден гол негатива, 18:19, но Кувајт успеа да се врати на два гола разлика.
Сепак, клучна беше нашата серија од три гола во самиот финиш на мечот, кога од 19:21, стигнавме до победа од 22:21.
Во првиот контролен меч со Кувајт одигран пред неколку дена, Македонија славеше убедливо со 31:21, како дел од подготовките за настап на Европското првенство што ќе се игра во јануари.