Максимум за Макси се 17 поени против Јастребите, ноќеска ќе направи пресврт со плус 23,5 поени

8422 Кајл Кузма (НБА, Вашингтон – Далас, 01 часот)

Кајл Кузма има просек од 17,2 поени, речиси колку што е и границата за поени што е во понудата на Sport Life за мечот со Далас маверикс.

Крилото на Вашингтон игра многу солидна сезона, а има и топ-квалитет со својата брзина и отскок и за многу повеќе од тоа што го прикажува.

Сега ќе има шанса да си го подобри просекот бидејќи ноќеска против Далас нема да игра главниот кошгетер на Визардс, Бредли Бил.

Изборот да се одигра дека Кузма ќе постигне над 18 поени, изгледа како еден од најсигурните во понудата од четири меча од НБА-лигата.

Предлог тип: >17.5 поени (1.80)

 

Кристапс Порзингис (НБА, Вашингтон – Далас, 01 часот)

Летонецот одлично го познава Далас откако беше член на Маверикс од 2019 година до февруари годинава, кога беше трампан во Вашингтон за Спенсер Динвиди и Дејвис Бертанс.

Порзингис е едно од најдобрите високи крила во НБА-лигата, но повредите кои се чести го потсопреа неговиот развој.

Сепак, и сега игра многу добро за Визардс, а со височината и подвижноста што ја има за кошаркар со 221 сантиметар е незгоден за чување.

Знае да погоди и тројка и брзо да се трансформира и во бек шутер и во центар, што го прави еден од најполивалентните кошаркари во НБА-лигата.

Сега ќе има и дополнителен мотив против својот поранешен тим и типуваме дека ќе оди над границата од 21 поен.

Предлог тип: > 21.5 поени (1.80)

 

Тајриз Макси (НБА, Атланта – Филаделфија, 01.30)

Тајриз Макси има неверојатна серија од 13 меча на кои играл против Атланта хоукс, а не успевал да ја мине границата од 20 поени.

Најдобар ефект му се 17 поени и јасно е според досега прикажаното дека на бекот на 76-ките не му лежи играта на Атланта.

Сепак, мора да се земе предвид дека на поголемиот дел од тие натпревари, Тајриз беше резерва и имаше мала минутажа.

Сега ситуацијата е многу поинаква. Макси е еден од главните кошаркари на Филаделфија, а ноќеска ќе има повеќе простор и ќе троши повеќе топки, поради отсуството на Џејмс Харден.

Брадата нема да игра, што е шанса за Макси заедно со Џоел Ембид да бидат двете главни оружја на 76-ките во нападот.

Иако има долга и непријатна серија од минуси со Хоукс, типуваме дека Макси ќе успее да го надмине проклетството и дека ќе постигне најмалку 24 поени.

Предлог тип: > 23.5 поени (1.87)

 

Џоел Ембид (НБА, Атланта – Филаделфија, 01.30)

Филаделфија пак ја користи ланската тактика за Ембид, кошаркар кој е лидер на тимот, но не може да го издржи комплетно пеколното темпо на натпревари во НБА-лигата, па често и отсуствува.

Не играше на три меча по ред, а се врати со 33 поени пред три вечери против Феникс санс и доминираше на теренот во победата од 100:88.

Кога е фит, Ембид е еден од најдобрите центри во Лигата. Лани беше конкурент за МВП наградата, но ја доби Никола Јокиќ.

Џоел игра одлично против Атланта, ноќеска ќе мора како лидер на тимот да го надомести отсуството на Харден, а ние ќе типуваме дека ќе успее и дека ќе постигне повеќе од 28 поени.

Предлог тип: > 28.5 поени (1.87)

 

8416 Њу Орлеанс пеликанс – Портланд Трејлблејзерс (НБА, 02 часот)

Двете екипи имаат многу моќни офанзивни оружја и некако логично е да се одигра на многу поени.

Ќе биде интересен дуелот меѓу Си-Џеј Меколум и Демиен Лилард, до скоро соиграчи во Портланд, а сега ривали во два различни тима.

Лилард е расен стрелец, еден од најдобрите во Лигата и ако му тргне, не постои играч што може да го сопре. И Меколум знае да блесне со ефектни кош-серии, а тука се уште и Инграм, Симонс, Вилијамсон и уште неколку кошаркари што се на рамниште на Олстар-ѕвезди и можат да бидат ултраефикасни.

Ако не се случи некакво чудо, границата од 224,5 поени Пеликанс и Трејлблејзерс ножат лесно да ја минат.

Предлог тип: > 224.5 поени (1.91)

 

 

- Оглас -

Најнови вести