Македонија загуби со 36-24 на отворањето на Европското првенство од Данска. Домаќинот на првенството покажа зошто е фаворит број еден за освојување на шампионатот, а ние шансата ќе ја бараме на следните натпревари.
„Честитки за Данска. Мислам дека во грч го отворивме овој натпревар, но мислам дека против Португалија и против Романија ќе бидеме поопуштени. Ќе анализираме, но како што кажавме и пред првенството – против Данска ќе се обидеме да изненадиме, но навистина е тешко. Данска е фаворит на ова Европско првенство. Нашиот таргет се Португалија и Романија. Треба да се поправиме и грешките да ги сведеме на минимум. Треба повеќе да веруваме во себе и ќе бидеме далеку подобри од овој меч. Имавме технички грешки и промашени зицери, а ако сакаме да победуваме големи репрезентации, тоа треба да го сведеме на минимум.“ – рече капитенот на Македонија, Филип Кузмановски.

