Кузмановски ги „изрешета“ противничките мрежи, за Македонија погодуваа 15 ракометари

Македонија го заврши Светското првенство во Вараждин со ефект од по две победи, нерешени и порази, но и позитивна гол-разлика од 181 даден гол и 179 примени. Ова е само вторпат во деветте учества на Светските првенства да завршиме во позитива, после шампионатот во Катар во 2015 година.

Она што е интересно, сите ракометари кои добија минутажа, успеаја да се запишат во листата на стрелците, освен голманите. Најдобар стрелец во нашите редови беше Филип Кузмановски, кој постигна дури 49 гола, а по него следува Марко Митев со 22 погодоци. Дури седум ракометари имаа двоцифрен број на голови.

Листа на стрелци:

49 – Филип Кузмановски
22 – Марко Митев
19 – Жарко Пешевски
17 – Ненад Костески
15 – Мартин Серафимов
12 – Милан Лазаревски
10 – Иван Џонов
7 – Мартин Велковски и Петар Атанасијевиќ
6 – Игор Ѓоргиев
5 – Никола Маркоски и Павле Атанасијевиќ
4 – Томислав Јагуриновски
2 – Марко Стојковиќ
1 – Валентин Карасманакис

Голманите не се запишаа во листата на стрелци, но успеаја да одбранат вкупно 71 противнички удари. Најмногу од нив, односно 38 топки сопре Никола Митревски, додека Марко Кизиќ успеа да одбрани 31 удар. Дебитантот на Светските првенства, Иван Галевски, настапи само на последниот меч против Франција и имаше две успешни интервенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести