Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, и понатаму е најдобар стрелец на Светското првенство.
Популарниот Фитиљ има постигнато 41 гол на пет меча. Тој до овој скор стигна со 58 упатени шутеви кон противничките голови, што е 71 процент успешност. Зад него на второто место се Франкис Марсо од Катар и Рутгер Тен Велде од Холандија со по 40 гола.