Кузмановски: Имав пенал можеби за победа, но верував дека ќе погодам во последниот напад

Како и кај сите други, и кај капитенот Филип Кузмановски има измешани емоции по ремито против Австрија на Светското ракометно првенство. Јасно е дека можевме и да победиме и да загубиме, а со негов гол во последна секунда, Македонија израмни на конечните 29-29.

„Мислам дека треба да жалиме што не победивме, бевме поквалитетни од Австрија во овие 60 минути. Бевме максимално спремни, проблем ни беше што не можевме да одговориме на нивната игра 7 на 6, добро ги решаваа тие напади со играч повеќе. На крај можеби среќата беше на наша страна, пред тоа имав пенал, можеби ќе беше за победа, тоа е спортот. Среќа што топката отиде во гол при последниот шут. Видовте една мотивирана Македонија, покажавме како треба да играме ,мислам дека сме добри и одиме напред. Имам самодоверба и секогаш после утка верувам дека следниот шут ќе влезе, така беше и денеска“, рече Кузмановски, кој заврши со 4 гола, од кои и клучниот во последната секунда кој ни донесе бод.

- Оглас -

Најнови вести