
Македонија очекувано загуби од Данска, а иако поразот е со двоцифрена разлика, капитенот, Филип Кузмановски не ја губи вербата. Кузмановски кој е еден од лидерите на теренот, против Данска постигна четири голови, а сега целиот фокус е насочен кон утрешниот меч против Португачија.
Макеоднија ќе ја има улогата на аутсајдер и против Португалија, но Кузмановски е оптимист и верува дека Македонија може да се најде во втората рунда од турнирот.
„Можеби во грч отворивме со Данците, знаеме дека можеме да играме подобро од тоа. Португалија игра слично на Данска, со таа транзиција, брз центар, добри индивидуалци. Важно ќе биде добро да отвориме, да одиграме во исто нивво 60 минути. Овие дваесетина дена добро се подготвивме, сите знаевме дека Данска е главен фаворит за првото место, но секако дека ни беше јасно дека Португалија и Романија се мечевите на кои треба да победиме. Веруваме дека можеме да играме добро, но не треба да имаме преголем респект за противникот, да веруваме во себе повеќе од досега. Многумина можеби не веруваат дека можеме во вториот круг, но ние искрено веруваме во себе, дека можеме да одиграме квалитетно и да се радуваме на крајот. Клучно ќе биде да одиграме добра одбрана, тие да напаѓаат на наша поставена зона, со што би ги исфрлиле од ритамот што им одговара“, истакна Филип Кузмановски.

