Кузмановски: „Навивачите беа нашиот ветер во грб, мислам дека сите уживаа во нашата игра“

Македонија го заврши настапот на Светското ракометно првенство во Вараждин, а капитенот на репрезентацијата, Филип Кузмановски, е задоволен од прикажаното, им честита на соиграчите, но и им се заблагодарува на навивачите за поддршката.

„За мене Франција е фаворит на ова првенство, имаат многу ѕвезди и тешко е да се игра против нив. Собравме сили како за последен натпревар, бевме мотивирани и си рековме да уживаме и да играме за нас и за Македонија. Мислам дека позади нас имаме едно успешно првенство и имаме уште многу простор за напредок, а тоа во иднина и ќе го покажеме. Горд сум на овие момци што се бореа максимално од прв ден до последен. Навистина беа многу пожртвувани и дадоа се од себе за Македонија. И на претходните првенства имавме поддршка од трибините и знаевме дека и сега ќе биде така. Навивачите многу ни помогнаа, посебно во првиот круг. Имаше многу македонци и за нас тоа беше како ветер во грб. Мислам дека ги наградивме со нашата игра и мислам дека уживаа сите и на трибините и во Македонија.“ – вели капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести