Кузмановски: Не бевме фокусирани на стартот, тоа мора да го поправиме во реваншот

Бекот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски смета дека тој и неговите колеги загубиле фокус  поради кој беа правени грешки кои пак му ја олеснија работата на противникот.

Македонија во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024, загуби од Португалија со 23:29, но Кузмановски вели дека ракометарите ќе се обидат в недела да слават против истиот противник.

„Максимално се подготвувавме, знаевме со кој противник игравме, и пред квалификациите рековме дека ќе се бориме за првото место со нив. Лошо отворивме, не бевме фокусирани на стартот. Мислам дека треба добро да анализираме, и да се поправиме на реваншот. Со играч повеќе мораме да имаме повеќе реализација. Имаме неколку дена за добра анализа, и ќе се бориме во Португалија, зошто да не и да дојдеме до победа. Дадовме максимум за Македонија и секогаш ќе биде така“, изјави Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести