Кузмановски се извини за недоличното скандирање при прославата на титулата

Капитенот на Еурофарм Пелистер и на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, се извини за навредливото скандирање за време на прославата на битолскиот тим по победата во Скопје над Вардар 1961 за трета шампионска титула по ред.

Популарниот Фитил доби многу критики за потегот, фанови сметаат дека таквото однесување е неприфатливо за еден играч кој е капитен на Македонија, па Кузмановски се извини и објасни што се случило во тие моменти на еуфорија.

„По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да се извинам на целата македонска јавност доколку сум бил погрешно сфатен. Ве молам сфатете дека прослава на титула на теренот на најголемиот ривал е огромна работа и не сакам оваа моја мала невнимателност да донесе негативен контекст на целото славје. Да живее Битола, да живее Македонија“, порача Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести