11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Квалификации од соништата за Ландо Норис, конечно успех и за Хамилтон со Ферари

Ландо Норис од Мекларен и самиот си се изненади како стигнал на пол-позицијата во квалификациите во Мексико, но извозе одличен круг и ќе има чист простор пред себе вечерва кога ќе почне трката.

Она што уште повеќе му одговара на Норис е што неговите ривали во борбата за титулата во Формула 1 потфрлија, Макс Ферстапен ќе тргне од петто место, а лидерот Оскар Пјастри дури од седма позиција.

Ако вечерва Норис победи, а неговиот тимски колега Пјастри биде седми, ќе дојде до промена на врвот во генералниот пласман и Британецот ќе биде нив лидер, на четири трки до крајот.

И во екипата на Ферари имаат причини за задоволство, во Мексико нивните возачи ќе тргнат од второ и трето место. Луис Хамилтон првпат откако е во Ферари се најде на подиумот во квалификации. Пред Ферстапен е и Џорџ Расел од Мерцедес.

Во последните 35 години, во Мексико никогаш не победил пилот кој на квалификациите бил под третото место, и ако оваа традција продолжи, победник ќе биде Норис, Леклер или Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести