Квалификации за ЕП: Ерменците го шокираа Велс во Кардиф (Видео)

Селекцијата на Велс го приреди најголемото изненадување во вечерашните натпревари од квалификациите за ЕП 2024, победувајќи го Велс со убедливи 4:2 и тоа во Кардиф.

https://twitter.com/i/status/1669802074186612739

Велшаните одлично го започнаа мечот и преку Џејмс во 10-та минута поведоа, но до крајот на првиот дел, Ерменија направи пресврт и тоа благодарение на Зеларајан и Ранос кои постигнаа по два гола за голема победа.

Останатите фаворити немаа проблеми за да дојдат до победата.

Франција со 3:0 славеше на гостувањето кај Гибралтар. Мбапе и Жиру постигнаа по еден гол, а третиот беше автогол на Муели.

Најубедливата победа денеска ја оствари Англија која славеше со 0:4 на гости против Малта, додека Швајцарија славеше со 2:1 на гостувањето кај Андора.
Турција во возбудлив натпревар ја совлада Летонија со 3:2. Летонците во 94-та минута преку Тоберс израмнија на 2:2, но Кавечи во 96-та минута погоди за триумф на Турција.

Резултати:

Група Б
Гибралтар – Франција 0:3
Грција – Р. Ирска 2:1

Група Ц
Македонија – Украина 2:3
Малта- Англија 0:4

Група Д
Летонија – Турција 2:3
Велс – Ерменија 2:4

Група Х
Финска – Словенија 2:0
Данска – С. Ирска 1:0
Сан Марино – Казахстан 0:3

Група И
Андора – Швајцарија 1:2
Белорусија – Израел 1:2
Косово – Романија 0:0

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести