Кристијано Роналдо вечерва влезе во Гинисовата книга на рекорди, го одигра 200-тиот натпревар за португалската репрезентација, а јубилејот го одбележа со гол, и тоа во последните моменти од мечот. Роналдо во 91-вата минута постигна гол за триумф на Португалија на гостувањето кај Исланд, во рамките на квалификациите за ЕП 2024.
Јунскиот квалификациски прозорец шокантно заврши за БиХ и Полска поради поразите од Луксембург и Молдавија.
Во Зеница, репрезентативците на БиХ ги разочараа своите навивачи губејќи со 0:2 од Луксембург. Боржес Санчес во четвртата и Синани во 74-тата минута ја донесоа победата на Луксембург.
Големо изненадување претставува и поразот на Полска од 3:2 на гости кај Молдавија. Полјаците загубија по истиот рецепт како и Македонија на дуелот со Украина, водеа на полувреме со 0:2, но во вториот дел примија три гола.
Србија со гол во последната минута успеа да се спаси од пораз во Разград на дуелот против Бугарија. Бугарите поведоа со голот на Десподов во 47-мата минута, но Лазовиќ во 97-мата минута погоди за 1:1.
Резултати
Група А
Норвешка – Кипар 3:1
Група Е
Ф. Острови – Албанија 1:3
Молдавија – Полска 3:2
Група Ф
Австрија – Шведска 2:0
Естонија – Белгија 0:3
Група Г
Бугарија – Србија 1:1
Унгарија – Литванија 2:0
Група Ј
БиХ – Луксембург 0:2
Исланд – Португалија 0:1
Лихтенштајн – Словачка 0:1