Квалификации за ЛШ: Слован и Копенхаген победија на гости, Сервет и Генк одиграа нерешено (Видео)

Со три натпревари од вечерната програма се затвора денешниот ден од квалификациите за Лигата на шампионите. Екипите на Слован Братислава и Копенхаген со големи победи се враќаат од Босна и Херцеговина и Исланд, додека Сервет и Генк одиграа нерешено.

Слован од Братислава со голема победа на гостински терен од 1-0 ќе го очекува реваншот против Зрињски. Најзаслужен за значајната победа беше интернационалецот од Гана, Шарани Зуберу кој го постигна единствениот погодок на натпреварот во 53-тата минута.

Со една нога во следната фаза е и шампионот на Данска, Копенхаген, кој успеа да победи со 0-2 на гостувањето против исландскиот Бреидаблик. Победникот на овој натпревар беше решен уште во првото полувреме кога Ларсон уште во првата минута ги донесе данците во водство, а конечниот резултат го постави Расмус Фалк во 32-рата минута.

 

Екипите на Сервет и Генк се дел од квалификациите во сегментот на екипите кои не се шампиони на своите земји. Патникот во следната фаза ќе биде решен на реваншот во Белгија, бидејќи првиот дуел во Швајцарија заврши нерешено, 1-1. Први во водство дојдоа фудбалерите на Генк преку Арокодаре во 21-вата минута, додека конечниот резултат го постави Рулие во 78-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести