Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Унгарија која ќе стартува од 15 часот. Леклер имаше најбрзо време, а веднаш до него и зад него ќе бидат двата болиди на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Токму Пјастри и Норис се главни фаворити за победа на трката, а дури потоа е Леклер. За сите останати квотите за победа се високи, па така за Џорџ Расел да слави има квота од 23, потоа следи Фернардно Алонсо со 41 коефициенти, а потоа следи Макс Ферстапен со 67 квота. За победа на Луис Хамилтон, квотата е точно 100.
Дека може да се очекува интересна трка, покажаа и вчерашните квалификации кои беа историски. Тоа беа квалификации во кои разликата меѓу најбрзиот возач и возачот кој го имаше 10-тото најдобро време кое е на Исак Хаџар е само 0,543 секунди. Тоа значи дека само во половина секунда заостанување се наредени сите возачи од прво до 10 мести.