Квалификациите за спринтот се добра најава за квалификациите за трката

Макс Ферстапен беше најбрз на квалификациите за утрешната спринт трка на патеката во Австрија (домашен терен на Ред Бул, тимот на Ферстапен), но имаше само 93 илјадитинки подобро време од вториот Ландо Норис од Мекларен, а трети беше Оскар Пјастри, истотака од Мекларен.

Тимот на Ферари повторно имаше пех, Шарл Леклер поради проблем со болидот не успеа да извози последен круг, па заврши како десетти, а неговиот тимски колега Карлос Саинс на спринтот ќе тргне од петта позиција.

Утре спринтот се вози од 12 часот, а попладнето од 16 се квалификациите за неделната трка. Sport Life ви нуди можности да се обложите на освојувач на пол-позицијата и други комбинации.

- Оглас -

Најнови вести