29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Кварацхелија донесе одлука каде ќе го стави потписот

Грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија е играчот кој ја одбележа оваа сезона не само во Италија туку во цела Европа. Благодарение на игрите кои го покажува во дресот на Наполи, тој го доби прекарот Кварадона, како асоцијација за „новиот Марадона“ што го доби Наполи.

Според последните најави на „Твитер“, новинарот Санти Ауна од Фуд Меркато, најавува дека Кварацхелија ќе стави потпис на нов договор со Наполи, кој ќе го обврзе да остане во клубот до 2028 година. Грузиецот сега добива скромна плата, а со новиот договор ќе заработува четири милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести