Кварацхелија ќе го наследи дресот на Елмас во Наполи

Грузискиот фудбалер Хвича Кварацелија, одлучи да се откаже од дресот со број 77, и следната сезона во Наполи ќе игра со друг број на грбот.

Иако има богата понуда од ПСЖ, Грузиецот се чини дека останува во Наполи и сака да му се оддолжи на довербата и почитта на новиот тренер Антонио Конте. Тој ќе игра со дресот што го сака, бројот 7 на неговиот идол Кристијано Роналдо.

Седумката се ослободи зимоска по заминувањето на Елиф Елмас и Кварацхелија реши да го земе.

- Оглас -

Најнови вести