Кварацхелија заборави на повредата, танцуваше грузиско оро, беше главен на прославата (Видео)

Грузија е во фудбалска еуфорија, оваа земја за првпат ќе игра на Европско првенство, а еден од најсреќните што ќе се појават на ЕВРО 2024 е нивната главна ѕвезда Хвича Кварацхелија.

Фудбалерот на Наполи поради повреда не можеше да го доигра финалето од баражот против Грција, беше разочаран и веројатно немаше да си прости ако неговите сонародници загубеа во пенал-серијата.

За среќа на Хвича и цела Грузија, и без него беа поуспешни пеналџии од Грците и испишаа историја.

На снимките од соблекувалната на Грузијците се гледа како Кварацхелија заборави на повредата, а и танцуваше традиционален грузиски танц.

https://twitter.com/i/status/1772725936867168559

- Оглас -

Најнови вести