Кварежма си најде нов клуб, и тоа гигант во светски рамки

Португалскиот репрезентативец Рикардо Кварежма наскоро би можело да ја напушти Турција и својата играчка кариера да ја продолжи во бразилски Сантос.

Кварежма, кој има 36 години, од летоска настапува за Касимпаша, откако се раздели на не баш убав начин со Бешикташ, клубот чиј дрес го носеше цели четири сезони. Според пишувањата на медиумите, Сантос би сакал да го донесе ветеранот. Врската е новиот тренер Жезуалдо Фереира, кој беше меѓу првите кои го лансираа Рикардо на големата сцена. Трансферот би бил без отштета.

 

- Оглас -

Најнови вести