Фабио Квартараро повторно беше најбрз на трка во Мото ГП и со сигурен настап победи во Асен, за Големата награда на Холандија.
Францускиот ас беше сигурен од стартот до крајот на трката и не дозволи изненадување. Квартараро сега има четири победи на девет трки сезонава и е убедливо прв во Генералниот пласман.
https://twitter.com/MotoGP/status/1409122277178941440?s=20
Зад Квартараро како втор низ целта на трката во Асен мина неговиот клупски колега од Јамаха, Маверик Вињалес, а третопласиран е Жоан Мир.