Квинси Хал со пеколен финиш ги „прелета“ ривалите и стигна до златото на 400 метри (Видео)

Американецот Квинси Хал е нов олимписки првак на патеката на 400 метри, откако имаше најбрзо време од 43,40 секунди. Хал речиси „го немаше“ во првиот дел од трката, а потоа со пеколен финиш ги помина сите ривали и стигна до златниот медал.

https://twitter.com/i/status/1821266026958614619

Второто место го освои Британецот Хадсон-Смит кој беше единствен Европеец во финалето. Хадсон-Смит истрча со време од 43,44 секунди, што преставува нов европски рекорд.

Третото место го освои Музала Самуконга од Замбија кој имаше време од 43,74 секунди што е нов државен рекорд на неговата земја.

 

- Оглас -

Најнови вести