Квитова се потсети на хоророт: Имаше крв насекаде

Имаше крв насекаде, а ножот го држеше на мојот врат. Беше вистински хорор, сведочеше Петра Квитова на суд во Чешка, објаснувајќи како се случил нападот од страна на осомничениот Радим Зондра.

Во 2016 година во домот на Квитова, Зондра ја нападна тенисерката претставувајќи се како мајстор за поправка на бојлери. Во битката за живот, двојната гренд слем шампионка, како што објави, со едната рака го фатила ножот и притоа дожиева тешки повреди.

Квитова отсуствуваше пет месеци од тениските терени, но успеа да се врати и на почетокот на годинава играше и во финалето на Отвореното првенство на Австралија, но загуби од Наоми Осака.

„Се радувам што сум жива и здрава и што нема посериозни последици по нападот од човек што не го познавам“, вели Петра.

Чешката тенисерка успеала да се спаси од Зондра откако му понудила пари, околу 400 евра, а 33-годишниот осомничен за убиство во обид ги земал парите и побегнал од домот на Квитова.

- Оглас -

Најнови вести