Квон освои сет и го разбуди шампионскиот дух на Ѓоковиќ

Актуелниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, со победа од 3:1 против Сон-Ву Квон ја почна одбраната на титулата на Вимблдон.

Јужнокореецот одлично се држеше во дуелот со топ-фаворитот на турнирот, успеа да му израмни на 1:1 откако го доби вториот сет со 6:3, но, сепак, Новак навреме реагираше, се разбуди од летаргијата и славеше победа со 6:3, 3:6, 6:3 и 6:4.

Мечот од првото коло траеше 2 и пол часа, а двапати беше прекинуван поради дожд, па заврши под кров на централниот терен на гренслемот во Лондон.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Кокинакис и Мајхржак, кој почна, но е прекинат.

 

- Оглас -

Најнови вести